Одбележување на Јубилеј 40 години од издавањето на првата Ромска граматика
Замислата и планот за спроведување на овој проект беше за месец мај 2020 година, но поради настанатата ситуација од КОВИД кризата, настанот се одржа со задоцнување. Секако ова задоцнување не ја намали важноста и интересот кај подржувачите, Домот на култура „Кочо Рацин“ и кај Ромскиот културен и медиа центар „Бариканипе“ како организатори на настанот. Следејќи ги препораките на Владата на РСМ за заштита од корона вирусот, на 10 септември со почеток во 19 часот се одржа он лајн настан на ЗУМ платформата, по повод
Одбележување на Јубилеј 40 години од издавањето на првата Ромска граматика.
На овој настан се говореше за ликот и делото на Шаип Јусуф, кој не само што на Ромскиот народ му ја даде првата граматика на неговиот мајчин јазик, туку остави и задолжение на генерациите кои што доаѓаат да го продолжат тоа што тој го започнал во седумдесетите и осумдесетите години од минатиот век. Тој воедно беше еден од иницијаторите и организатори на Првиот Ромски Светски Конгрес во Лондон Велика Британија во 1971 година. Во рамки на Конгресот биле формирани и комисии како што се комисијата за одбележување на холокаустот над Ромите од Втората Светска војна, комисија за култура, комисија за јазик и др. Тој бил назначен за претседател на комисијата за јазик, која заедно со други Роми лингвисти, имала задача да работи на развојот и стандардизацијата на ромскиот јазик. Како претседател на оваа комисија во 1973 година започнал да работи на подготовка на Ромската граматика заедно со професорот на педагошката академија во Скопје, Круме Кепески. Оваа граматика излезе од печат дури во мај 1980 година во 3. 000. примерока.Напишана е на ромски и на македонски јазик.
Важноста на овој јубилеј е што оваа граматика претставува големо богатство за ромскиот народ не само во Македонија туку и пошироко.
На настанот беа презентирани неговите дела, а исто така беше изрецитирана неговата најпозната поема „На место не стојат номадите“ на ромски и на македонски јазик.
Целта на овој настан беше не само да се одбележи овој јубилеј туку постхумно да се изрази благодарност за големата заложба на професорот Шаип Јусуф во зачувувањето и негувањето на ромскиот јазик, а исто така овој настан беше можност да се запознаат и младите со ликот и делото на овој важен лик во историјата и културата на Ромскиот народ.
Поканата за одржувањето на настанот беше дистрибуирана по електронски пат и споделена на социјалните мрежи. На самиот настан се вклучија млади лица Роми, млади припадници од други етнички заедници, претставници од министерствата за култура, образование и наука и од Министерството за труд и социјална политика од каде што произлезе и предлогот за дополнување на Програмата за одбележување на културни настани на Министерството за култура со тоа што ке се одбележи Јубилејот од 40 години од издавањето на првата Ромска граматика.
За ликот и делото на Шаип Јусуф говореа и неговите соработници од Македонската телевизија каде што работеше како лектор на ромски јазик, а исто така зборуваа и неговите пријатели и роднини за неговата животна посветеност за чување и унапредување на ромскиот јазик.
Вести и настани
30.9.2024
16.2.2024
16.2.2024
16.2.2024
16.2.2024
07.12.2023
22.11.2023
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Monday, November 25, 2024 |
ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје
JP SHTËPIA E KULTURËS “KOCO RACIN” SHKUP
PI House of Culture "Koco Racin" Skopje