Промоција на стихозбирката „Молецот и далечната месечина“ од Вања Таневски
Промотори беа проф. д-р Васил Тоциновски и писателот Златко Гелески
Вања Таневски е ново име на поетската сцена, млад автор, дипломиран проф. по македонски јазик и литература. Пишува од својата 15-та година . По издавањето на збирката поезија „Крунисување на тажната смеа“, денес ја промовира својата втората стихозбирка „Молецот и далечната месечина“.
Вања Таневски создава своја поетика,сведок на времето и просторот во кој живее.Поетското ехо одекнува низ целата стихозбирка.
Темите и мотивите во стихозбирката содржани се во самиот наслов.Молецот, бубалка со слабо и минијатурно телце,е метафоричка ознака, но е јасна алузија на штетник кој однатре уништува се околу себе. Авторот како млад човек наоѓа волја да алармира за проблемите и ги проблематизира прашањата кои го нарушуваат нормалното функционирање на индивидуата во рамките на општеството.
Вести и настани
30.9.2024
16.2.2024
16.2.2024
16.2.2024
16.2.2024
07.12.2023
22.11.2023
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Sunday, November 24, 2024 |
ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје
JP SHTËPIA E KULTURËS “KOCO RACIN” SHKUP
PI House of Culture "Koco Racin" Skopje