Изложба на Гордана Квајо од Ријека
Вечерва , на 21.06.2019 г во новиот салон сутерен на Галерија „Ко-Ра“ во ЈУДом на култура „Кочо Рацин“ Скопје, Р С Македонија, отворена е самостојната изложба на Гордана Квајо од Ријека,Р Хрватска во рамките на културната соработка помеѓу ЈУДомот на култура „Кочо Рацин“ Скопје и ХМД „Илинден“ од Ријека која резултираше со веќе успешно претставување на големата групна изложба на мултикултурната група од 60 уметници која беше претставена и во Ријека , во соработка со ХМД “Илинден“. Сега во рамките на таа соработка се претстави дел од творештвотро на наградуваната авторка ГОРДАНА КВАЈО од Ријека, по потекло од Охрид.
На оваа изложба Квајо се претставува со избор од 26 црно-бели фотографии, од неколку циклуси. Изложбата е насловена „ЧОВЕКОТ ВО ПРОСТОР“ со што метафорички доловува повеќе ракурси од аспект на човековата релација со просторот се повеќе урбанизиран, во духот на ововремен индустриски дизајн со интерполација на бетон, железо, композити, со што се повеже се оддалечува од примарните исконски ресурси, а воедно се посочува и човековата осама, резигнација, подвоеност, релација со катадневието, со светот околу него и неговата рефлексија во неговата,многуслојна природа која секогаш длабоко е поврзана со исконското и архетипското, носталгичното навраќање кон своето исконско засолниште во потрага од взаемност, топлина и љубов. Тој проблесок е како опозит присатен во делата од циклусот инспириран од магичната убавина на природта која со опитноста на фокусот Квајо успева да ја долови на силно инспиративен и впечатлив начин... а во циклусот посветен на портретите помеѓу видните имиња на естрадата во Ријеказапазени се и истакнатите македонски културни дејци.... Во ова претставување на Квајо има и мотиви од урбаното секојдневие и од нејзините далечни патувања кои се само дел на еден голем мозаик на една обемна збирка на фотографии настанати во повеќе децении, кои заслужуваат претставувања низ повеќе разнородни циклуси истакна Виолета Калиќ, куратор на изложбата по повод отворањето. По повод отвцорањето на изложбата настапиа и членовите од ХМД „Илинден“ со избор на традиционални македонски песни а стихови говореше Виолета Сековска. Гостувањето на МКД „Илинден“ продолжува низ повеќе центри низ Р Северна Македонија
Изложбата ќе биде отворена до 1.07.2019.
Повеќе информации на тел
071 232 706
Виолета Калиќ
стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура
Вести и настани
30.9.2024
16.2.2024
16.2.2024
16.2.2024
16.2.2024
07.12.2023
22.11.2023
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Sunday, November 24, 2024 |
ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје
JP SHTËPIA E KULTURËS “KOCO RACIN” SHKUP
PI House of Culture "Koco Racin" Skopje