Едукативно-интерактивна работилница : „Менталното здравје на младите за време на Ковид пандемија“
На 15 октомври 2021 година, во просторот на Домот на културата „Кочо Рацин“- Скопје, се одржа едукативно-интерактивна работилница : „Менталното здравје на младите за време на Ковид пандемија“
Едукатор беше Бојана Петровска, психолог
На работилницата учество земаа учениците од Приватното средно училиште „Алгоритам“. Присуствуваа 60 ученици кои беа поделени на 2 групи. За да се запазат препораките на Владата на РС Македонија поради пандемијата предизвикана од корона вирусот и заинтересираноста на учениците за оваа тема се одржаа 2 едукативно – интерактивни работилници.
На оваа работилница младите преку предавањето, примерите и дискусијата се запознаа со аспектите од нивното ментално здравје, како да ги препознаат раните знаци од најчестите нарушувања и добија насоки за навремена превенција.Сето тоа беше проследено и со скали за самопроцена, креативни техники и со дискусијата на крајот од работилницата добија и личен фидбек на сработениот материјал или загриженост.
Вести и настани
11.12.2024 04:49:42
27.11.2024 07:26:59
27.11.2024 07:22:21
30.9.2024
16.2.2024
16.2.2024
16.2.2024
16.2.2024
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Friday, December 27, 2024 |
ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје
JP SHTËPIA E KULTURËS “KOCO RACIN” SHKUP
PI House of Culture "Koco Racin" Skopje