ПИШУВАМЕ, ЦРТАМЕ, ПАТУВАМЕ! „Зимска бајка“ и „Зима во чудната шума“
Концепт на работилниците:
ПИШУВАМЕ, ЦРТАМЕ, ПАТУВАМЕ! е проект - серија од две креативни работилници на кои децата учат како се создаваат приказни, песнички, или создаваат приказна преку цртеж, колаж или друга техника, како и комбинација на цртеж со текст (форма на стрип).
Идејата на проектот е развивање на имагинацијата преку креација во две заемно поврзани области – литературата, односно пишаниот збор и ликовната уметност, за да се добие еден целосен авторски производ.
Креирањето приказна од концепт, преку текст до нејзина целосна визуализација и добивање на целосно уметничко дело е главната цел на овие креативни работилници.
Целна група: Деца од 6 до 9 години
Датуми на одржување на проектот: 8 декември, 18:00 часот и 14 декември, 18:00 часот
Времетраење на работилницата: 1 час (45 минути)
Опис на проектот:
Првата работилница се одржа на 8 декември 2020 година, во 18:00 часот. Часот траеше 45 минути, а се приклучија 26 деца.
Децата пишуваа приказни и песнички, креираа стрипови или ликовни дела (приказна преку цртеж) во различни техники. Им беа зададени четири задачи:
- Да креираат текст и/или цртеж кој ќе ги содржи во себе или ќе асоцира на следните зборови: снег, ноќ, приказна и желба
- Да креираат текст и/или цртеж кој во себе ќе содржи ликови: момче или девојче, места: леден замок или игло, и ќе има животно по избор на детето
- Да креираат текст и/или цртеж на тема/со наслов „Снежната вештерка дојде во градот“
- Да креираат текст и/или цртеж на тема/со наслов „Џиновскиот сладолед на снежниот џин“
Втората работилница се одржа на 14 декември 2020 година, во 18:00 часот. Часот траеше 45 минути, а се приклучија 20тина деца.
Децата имаа задачи да креираат текстови и/или цртежи кои ќе претставуваат различни измислени животни и други волшебни (непостоечки) суштества, жители на една чудна, необична шума – во зима.
Резултати од креативните работилници:
На крајот на работилниците, сите трудови на децата ќе бидат изложени на фејсбук – на страницата на Дом на културата „Кочо Рацин“ – една мала своевидна изложба од сите детски трудови.
Документирање на проектот:
Работилниците одржани на Зум се документирани (снимени), и можат да се видат на следниот линк:www.youtube.com/playlist
Вести и настани
30.9.2024
16.2.2024
16.2.2024
16.2.2024
16.2.2024
07.12.2023
22.11.2023
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Sunday, November 24, 2024 |
ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје
JP SHTËPIA E KULTURËS “KOCO RACIN” SHKUP
PI House of Culture "Koco Racin" Skopje