„Развивање и едукација за заштита на животната средина и рационално користење на нејзините ресурси“
Проектот „Развивање и едукација за заштита на животната средина и рационално користење на нејзините ресурси“се раеализира онлајн во месеците: септември, октомври и ноември
25 09.2020г се реализира со физичко присуство едукативна трибина на тема: Македонска современа фитомедицина – „Влијанието на активните супстанци на лековитите зачински и ароматични растенија како дополнителен третман при канцерогени заболувања“
Едукатор беше д-р Драган Јованов
На трибината активно учество имаа членовите на Здружението за помош и поддршка на пациенти кои се лекуваат од карцином-„Љубов сме/Jemi dashuri“.
14.10.2020г.се реализира предавањето на тема ::„Развој на македонската еколошка култура“ Предавачи беа д-р Драган Јобанов и Анета
Учество на ова предавање ќе имаа ученици од СУГС „Јосип Броз Тито“.
22.10.2020г.се реализира онлајн едукативното предавање на тема: Рециклирање на медицинскиот отпад“Предавачи беа д-р. Драган Јованов и др. Елеонора Милошевска
Учество на ова предавање имаа ученици од девето одделение од ООУ „Лазар Трпковски“
04..11.2020г.се реализира онлајн едукативното предавање на тема:
„Еколошка заштита на водите“.
Едукатори: д-р. Драган Јованов И Анета Стојанова
Свое учество на ова предавање имаа учениците од ООУ „Хасан Приштина“
Проектот„Развивање и едукација за заштита на животната средина и рационално користење на нејзините ресурси преку едукативните предавања со учениците од основните и средни училишта и граѓаните на РСМакедонија , пред се на Град Скопје имаше за цел да го зајакне научно едукативниот процес за заштита на животната средина и рационалното искористување на нејзините ресурси.Се дебатираше за еколошката култура, етика, климатските промени кои директно преку храната, воздухот, водта го загрозуваат здравјето на човекот и како да се заштитат од негативните последици,што значи и кави бенифиции имаат граѓаните од фитомедицината Со едукативните предавања најважна беше целта да се подигне свеста на младата популација за моменталната состојба на животната средина и како и што треба да направат за да имаат подобра, поздрава и почиста средина и зошто научно – образовниот систем треба да преставува столб за јавната свест на граѓаните, но пред се на младата популација.
Aa
Вести и настани
30.9.2024
16.2.2024
16.2.2024
16.2.2024
16.2.2024
07.12.2023
22.11.2023
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Monday, November 25, 2024 |
ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје
JP SHTËPIA E KULTURËS “KOCO RACIN” SHKUP
PI House of Culture "Koco Racin" Skopje