Изложбата на графики на м-р Марија Светиева и изложбата на фотографии и плакати на Виктор Бранѓолица
На 2.07.2021 отворена
изложбата на графики на м-р МАРИЈА СВЕТИЕВА
и изложбата на фотографии на ВИКТОР БРАНЃОЛИЦА
во ГАЛЕРИЈА „Ко-РА“ мал салон
и првата самостојна изложба на
плакати на ВИКТОР БРАНЃОЛИЦА
ИЗЛОЖБАТА Е НАСЛОВЕНА „КРИК НА ПРИРОДАТА“
Почитувани,на 2.07.2021 година во големиот салон на Галерија„ КО-РА “ е отворена изложбата„Крик на природата“ на младиот автор Виктор Бранѓолица (1996 Скопје, Дипломира на Европски Универзитет за Арт и дизајн во Скопје, како графчки дизајнер. Учествува на повеќе групни изложби како на факултетот така и надвор.И на повеќе тематски изложби во Галерија „КО-РА“
Ова е негова прва самостојна изложба, на која се претставува со познатата уметница м-р Марија Светиева (1960 Скопје,дипломира и магистрира на ФЛУ графика и графички дизан . Дипломира и на Педагошки факултет во Скопје.
Специјализира во Болоња, Италија.Член е на ДЛУМ и на Интернационалното Здружение на графичарите во Рим.
Марија Светиева има реализирано учество на преку 200 групни и 48 самостојни изложби во земјата и надвор. Добитничка е на 17 награди од национален и интернационален карактер во Р.С.Македонија и надвор.Учесничка е во бројни изложби во организација на Галерија „КО-РА“ кои се од мултикултурен карактер како и во проекти од ангажиран тематски карактер во просторот на Галерија КО-РА но и надвор од земјата во Р.Хрватска, во Малме, Шведска, во Амбасадата на Р.С,Македонија во Отава, Канада,и во Амбасадата на Р.С.Македонија во Вашингтон, САД .
На оваа изложба на која се афирмира најактуелната проблематика за опстојувањето на нашата планета Земја ја реализира со нејзиниот син Виктор Бранѓолица, кој се претатвува со избор дела, фотографии во големиот салон и плакати со тематски ангажиран карактер со пораки од суштествено значење за екологијата Виктор Бранѓолица лсе претставува прв пат со самостојн аизложба и во малиот салон на Галерија „КО-РА“ која е отворена на 2.07.2021.
Плакатите-постерите, поканите и каталозите за оваа изложба се дизајнирани од графичкиот дизајнер Виктор Бранѓолица.
Оваа изложба е реализирана со поддршка на Град Скопје.
Вести и настани
30.9.2024
16.2.2024
16.2.2024
16.2.2024
16.2.2024
07.12.2023
22.11.2023
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Monday, November 25, 2024 |
ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје
JP SHTËPIA E KULTURËS “KOCO RACIN” SHKUP
PI House of Culture "Koco Racin" Skopje