Онлајн едукативно- интерактивна работилница на тема: „Работилница за креативно пишување на книжевна критика, книжевен осврт и книжевен есеј“
ЈУ Дом на културата „Кочо Рацин“ – Скопје, на 25.09.2021г. организира онлајн едукативно- интерактивна работилница на тема: „Работилница за креативно пишување на книжевна критика, книжевен осврт и книжвен есеј“
Едукатор:д-р Марина Мијаковска
Проектот е одобрен и поддржан од Град Скопје.
На оваа книжевна работилница учесниците се стекнаа со знаења за есејот како жанр. На првиот термин се презентирани теориските и практичните примери за есејот како популарен книжевен текст, како се пишува есејот и каква е неговата композиција како текст. На овој прв термин на учесниците им беше презентирано како во осум чекори најлесно да состават структура на есеј, а исто така, им беа прикажани и објаснети видовите на есеи кои постојат: компаративни, дедуктивни, истражувачки, раскажувачки, перонални, дефинирачки, објаснувачки, неформални и литературни.
Примерите за тоа како се пишува вовед во есејот беа прикажани преку примери од македонската книжевност: „Иднината на поезијата“ од Блаже Конески и „Цртање со зборови“ од Елизабета Аврамовска.
Вториот дел од работилницата ќе се одржи на 02.10.2021г
Вести и настани
30.9.2024
16.2.2024
16.2.2024
16.2.2024
16.2.2024
07.12.2023
22.11.2023
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Monday, November 25, 2024 |
ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје
JP SHTËPIA E KULTURËS “KOCO RACIN” SHKUP
PI House of Culture "Koco Racin" Skopje