Изложба „Ресетирање“
Реализација на проектот на АНДРИЈАНА АНДРЕЕВА - АНи СОРО, започна на 25.08.2021 како мултимедијален проект насловен „РЕСЕТИРАЊЕ“. Реализацијата на проектот беше едно ново инвентивно доживување кое ја обедини интертекстуалноста и концептуалноста во интеракција на повеќе медиуми симултано, фотографија, перформанс, дизајн, реди-мејд објекти, инсталација, музика, проекција, видео.... Хепенингот се одвиваше со присаство на повеќе уметници од различна генерација . ликовни критичари и други културни дејци, како еден урбан момент кој понуди спонтано придружување „во поминување“ и на друга публика затечена како непосредно пред Галерија „КО-РА“ пред влезот во Ј.У.Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје.
Овој проект е од ангажиран карактер подржан од Град Скопје. Ј.У.Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје и од Министерството за култура на Р.С.Македонија. Целта на овој проект кој обединува повеќе изразни медиуми вклучувајчи ги и сепоактуелните електронски медиуми ,ја акцентира и уметноста на фотографијата изработена од Маја Донев.Пораката која ја посочуваопределбата за рециклирање, за редефинирање и редизајниеање на свеста и подсвеста и радикални промени во сите сфери на ововременото опстојување кое е преоптеретено и задушено од антропоцентризмот и конзумерското акумулирање на излишното кое доведуува до несогледливи последици во сите сфери вклучувајќи ја и свеста и светогледот.Андријана Андреева уште еднаш оствари успепшен ивент, креација која ќе се пмаети како артикулиран концепт кој успешно посочи егзактно одбран регистар на симболи во духот на повеќекратна алегорија Оваа доживелица недвојбено повикува на дијалог на секоја единка со себе и преустројување од глобален карактер.Симултаната и синхронизирана инвентивно конципирана порака преточена во хармонична изразна форма којаја посочи мултимедијалноста како најадекватна изразна форма побуди љубопитност која го запази вниманието на публиката во континуитет кој создаде непретенциозна , а сепак впечатлива креативно инвентивна доживелица преточена во еден урбан event кој ја исполни атмосферата со една нова или поинкава енергија на конструктивно и ангажирано перципирање на можностите во нашата „нова стварност“. Како истражувачки проект кој е воедно и еден вид кретаивна и непретенциозна игра понуди низа естески доживелици,недвојбено сугестивни, преку низа симултани слајдови кои се во духот на концептуалното, минималистичкото , со акцент на рационална автентично инвентивна креација која ја доловува фантазијата на авторот и предодреденоста за магичен спој на неспоивите елементи.Виолета Калиќ, историчар на уметноста и стручен соработник за визуелните уметности, дизајн и архитектура во Ј.У Домот на култура „Кочо Рацин“ Скопје, по повод овој перфоративен проект или хепенинг на Андријана Андреева.
Вести и настани
30.9.2024
16.2.2024
16.2.2024
16.2.2024
16.2.2024
07.12.2023
22.11.2023
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Monday, November 25, 2024 |
ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје
JP SHTËPIA E KULTURËS “KOCO RACIN” SHKUP
PI House of Culture "Koco Racin" Skopje