„Како да се постигне подобра комуникација помеѓу учениците и професорите“
На 11.05.2020г.се реализира предавањето на тема ::„Како негативната комуникација упатена кон вас да не ве вознемири и да не ве поттиkне и вие да станете деструктивни и негативни“
Предавач др.Жарко Костиќ, мотивациски говорник
На 03.06.2020г се одржа Online интерактивна дебата на тема:
Комуникацијата во ера на виртуелна реалност
На 11.05.2020г.се реализира предавањето на тема ::„Како негативната комуникација упатена кон вас да не ве вознемири и да не ве поттиkне и вие да станете деструктивни и негативни“
Предавач др.Жарко Костиќ, мотивациски говорник
На 03.06.2020г се одржа Online интерактивна дебата на тема:
Комуникацијата во ера на виртуелна реалност
Говорници: Д-р Жарко Костиќ, мотивациски говорник и тренер
Проф.Наде Молеровиќ, мотивациски говорник за млади
Проф.Татјана Алексиќ, наставник во СУГС ,,Р.Ј. Корчагин" и
ученици од трета година билингвална паралелка.
На 20.10.2020г.се реализира онлајн едукативното предавање на тема: „Како едно одделение да функционира како тим, а не во дисхармонија“
Предавач беше др. Жарко Костиќ, мотивациски говорник.
Учество на ова предавање ќе имаа ученици од СУГС „Јосип Броз Тито“.
На 28.10.2020г.го реализира онлајн едукативното предавање на тема:
„Основна едукација за штетноста на дрогите“
На оваа тема зборуваа: др. Жарко Костиќ, мотивациски говорник и Раде Јокиќ, супервизор на курсеви од Центарот за рехабилитација за зависници НАРКОНОН
Учество на ова предавање имаа ученици од СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“.
Целта на проектот беше преку реализираните едукативни предавања како да се подобри комуникацијата, како негативната комуникација да не ги вознимирува, да имаат самоконтрола во релација ученик – професор. На учениците им се дадоа смерници како и на кој начин да се надмине дисхармонијата во одделението. Исто така се запознаа со придобивките од тимската работа која ќе им користи во текот на нивната понатамошна работа.
Се отворија и нови прашања кои произлегоја од пандемијата со Корона вирусот. Голем број од младата популација останаа надвор од училиштата, многу работни задачи се извршуваа од дома, концерти и забави се организираа на интернет. Се учи од дома со помош на платформи, онлајн алатки,тв училници..На дебата на тема: „Комуникацијата во ера на виртуелна реалност“ се дебатираше за повеќе прашања меѓу кои: Колку сме успешни во комуникацијата, колку сме разбрани, колку сме слушнати, има ли некој да ни помогне, зошто комуникациските вештини се една од најважните за водење успешен живот, дали сме порелаксирани во домашни услови да ги завршуваме своите училишни обврски, имаме слобода за организирање на слободното време?
Во третиот дел од проектот се реализираше едукативно предавање на тема: „Основна едукација за штетноста на дрогите“Предавањето имаше за цел едукативно да влијае врз младите и тие да се запознаат со штетното влијание на пороците, појавата на болестите од зависноста на наркотичните средства, алхохолизмот и никотизмот. Исто така, кај младата популација да се формира една нова свет, свест на интелектуално и морални здрави граѓани.
Од учениците, добивме реални и искрени одговори и насоки каде и во што, и ние возрасните треба да се поправиме и да работиме како едукатори.
Вести и настани
30.9.2024
16.2.2024
16.2.2024
16.2.2024
16.2.2024
07.12.2023
22.11.2023
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Sunday, November 24, 2024 |
ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје
JP SHTËPIA E KULTURËS “KOCO RACIN” SHKUP
PI House of Culture "Koco Racin" Skopje