промоција на романот за деца „Тешко е да не ме сакаш“
Промоцијата се одржа онлајн на фејсбук страницата на Чудна шума, на 11-ти декември 2020, во 19:00 часот.
Промоцијата се одвиваше како разговор помеѓу авторката Јасминка Петровиќ и уредничката и преведувачка Билјана Црвенковска и траеше околу половина час.
Јасминка Петровиќ одговараше на прашања за идеите и инспирацијата за романот „Тешко е да не ме сакаш“, за процесот на пишување и креирање заедничко дело со илустратор (соработка со илустратор), за темите во нејзините романи и предизвиците на пишувањето, како и за идните проекти.
Кон „Тешко е да не ме сакаш“...
Крцко не е совршен. Пред некој ден го изеде чевелот на мама и го уништи моето омилено списание. Тато го вика Напаст затоа што, вели, никогаш не видел понепослушно куче. Откако Крцко е член на нашето семејство, тато повеќе време минува во шпајзот, одошто во дневната соба. А балетската претстава „Оревокршачка“ во која ја играм главната улога само што не се одржала, и замислете, професорката Олга сака и Крцко да учествува во претставата! Каде и да се појави, Крцко стекнува нови фанови. Дури и другите балерини го обожаваат, а нив не е лесно да ги задоволиш. Што да ви кажам, навистина е тешко да не го сакаш.
Нина е совршена! И покрај тоа што сака змии и што ми се лути кога ќе ѝ искинам некое глупаво списание. Ме остава да ѝ ги грицкам ушите, а нејзините уши се најмеки на светот! Мама и тато се во ред. Тато ме вика Напаст, нешто што навистина не го разбирам, ама супер е кога заедно лаеме од тераса за да го нервираме комшијата Симе. Велат дека постојано правам некакви глупости, дека сум непослушен и смотан, ама никогаш не ми се лутат долго. Дури и комшијата Симе вели дека сум добро куче. Што да ви кажам, навистина е тешко да не ме сакаш!
Вести и настани
30.9.2024
16.2.2024
16.2.2024
16.2.2024
16.2.2024
07.12.2023
22.11.2023
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Sunday, November 24, 2024 |
ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје
JP SHTËPIA E KULTURËS “KOCO RACIN” SHKUP
PI House of Culture "Koco Racin" Skopje