Изложба Зулејха З. Али,, WE MUST UPDATE"
Почитувани,
Во големиот салон на Галерија „КО-РА“, вечерва е отворена самостојната изложба на Зулејха Зубери Али. Изложбата е од ангажиран карактер и насловена е „WE MUST UPDATE“ .„ Изложбата ја отвори Виолета Калиќ, историчар на уметноста и стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура во Ј.У Домот на култура „Кочо Рацин“ Скопје која по повод отворањето на изложбата истакна: „Уметницата со оваа самостојна изложба децидно ја акцентира својата тематска преокупација посветена на светот кој не опкружува соочен со епилогот на овоцивилизациските „дострели“ кој укажува на човековата сеопшшта девастација во сите сегменти на своето дејствувањеи постоење, кои доведоа не само до оддалечувањ еод неговото чисто исконско битие туку до сеопшта ерозија која ја доведе и планетата и сите битиа до самоуништување.
Изложбата ќе биде отворена од 11 до 18.00 часот од понеделник до петок до 30.07.2021
Уметницата ја посочува основната идеја ослободувањето од излишното, укажувајќи дека неселективноста и акумулацијата на непотребното и не суштественото доведе до затрупување, задушување и самоуништување во сите сфери и на природата и на човековото опстојување и однос кон сите нешта. Дека свртени кон суштественоста на чистите исконски вредности, и со помалку акумулација на излишното можеме да постигнеме повеќе радост, повеќе љубов, повеќе хармонија во сите сфери на опстојувањето. во тој контекст е и конципираноста на оваа самостојна изложба и воедно инсталација на чисти форми артикулирани со својата ангажираност и летросет пораката, но најмногу со концептот на моќната впечатлива доживелица која прозвучува од звучноста и значењето на синхронизацијата на колоритниот спектар кој сугерира широка скала на симболи и значења кои во себе ги носи низ сите цивилизации бојата, која претставува моќен дијалог, која артикулира и дефинира најразлични емотивни, психолошки расположениа и состојби...“истакна во своето обраќање Виолета Калиќ.
За оваа изложба поддржана од Град Скопје, Зулејха Али Зубери дизајнираше каталог, постер, легендите со кои ја акцентира својата идеја, а автор е и на концептот за поставката на изложбата.
Изложбата ќе биде отворена од 11 до 18.00 часот од понеделник до петок до 30.07.2021
Вести и настани
30.9.2024
16.2.2024
16.2.2024
16.2.2024
16.2.2024
07.12.2023
22.11.2023
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Sunday, November 24, 2024 |
ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје
JP SHTËPIA E KULTURËS “KOCO RACIN” SHKUP
PI House of Culture "Koco Racin" Skopje