Годишна изложба на студентски проекти на Факултетот за Архитектура при МИТ Универзитет - Скопје.
На ден 19.06.2023 година (понеделник) во галеријата КО-РА (Дом на градежниците, Скопје) се отвори годишната изложба на студентски проекти на Факултетот за Архитектура при МИТ Универзитет - Скопје.
Овогодинешната тема е: “Примена на еко системи во современиот архитектонски простор” и се состои од 30тина проекти работени во текот на академската 2022/2023 година.
Новите концепти генерираат архитектура која се темели врз природата и околниот природен пејзаж и овозможува негово функционирање како еко систем. Важноста на овие задачи е да се препознаат природните и еколошките вредности на местото и на тој начин да ги инкорпорира во секојдневниот живот на луѓето, притоа подигајќи го социо-културниот живот, задоволување на сите потреби и овозможувајќи хуман престој/домување/работа.
Во локациите, кои се обработуваат во изложените проекти, се создава активна природа која е од големо значење не само за локалното население во потесен контекст, туку и за градот во поширок контекст“, велат од МИТ и додаваат: „Темата на овогодинешната студентска изложба со проектите изработени од студентите на МИТ Универзитет, Факултетот за архитектура го трансформира постоечкиот архитектонскиот простор изнаоѓајки начини за поврзување на природата со објектите и урбаните простори со цел поуспешно справување, надминување и отфралње на бариерите поставени од негативата реалност.
Традиционално, беа доделени и признанија за најдобрите проекти во три категории: најдобар дипломски труд, најдобар магистерски труд и најдобар стручно-истражувачки проект.
Вести и настани
30.9.2024
16.2.2024
16.2.2024
16.2.2024
16.2.2024
07.12.2023
22.11.2023
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Thursday, November 14, 2024 |
ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје
JP SHTËPIA E KULTURËS “KOCO RACIN” SHKUP
PI House of Culture "Koco Racin" Skopje