„Да ги доближиме природните и техничките науки до младите: Забавна картографија“
Под менторство на Ирена Јурчева, Мартин Цветковски и Елена Пренџова и во организација на Домот на културата „Кочо Рацин“ – Скопје, а со финансиска поддршка на Град Скопје се одржа онлаин, преку Зум-платформата, на 28 и 29 ноември 2020 година.
Креативно-едукативна работилница по основи на картографијата и креативното пишување
На онлајн работилниците присуствуваа 32 ученици и ученички од 13 основни училишта од Македонија. Целите на работилниците беше да ги запознаат основките и основците со основите на картографијата, народните гатанки и асоцијациите. Крајните согледби се многу позитивни. Проектот беше пофален од страна на родителите и родителките, односно старателите и старателките, како и од страна на наставниците и наставничките кои ги надгледуваа децата приклучени онлаин. Децата беа радосни, земаа активно учество во предавањето и уште на самата сесија успешно и целосно ги завршија зададените задачи. Работилниците се покажаа успешни и поради тоа што дојдоа како надополнување на формалното образование, особено по предметите географија и биологија и поттикнаа поголема љубов кон овие предмети кај присутните деца.
Вести и настани
30.9.2024
16.2.2024
16.2.2024
16.2.2024
16.2.2024
07.12.2023
22.11.2023
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Sunday, November 24, 2024 |
ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје
JP SHTËPIA E KULTURËS “KOCO RACIN” SHKUP
PI House of Culture "Koco Racin" Skopje