Промоција на книгата „Écriture féminine феминин и романот: Прилог кон феминистичката теорија на жанрот“
На 16 јуни 2021 година, во Домот на културата „Кочо Рацин“ Скопје, на зелениот покрив се одржа промоција на книгата „Écriture féminine феминин и романот: Прилог кон феминистичката теорија на жанрот“, од Марина Мијаковска (издадена во 2020г.од страна на Издавачката куќа „Центар за култура и културолошки студии“од Скопје).
Промотор на книгата беше д-р Славчо Ковилоски
Д-р Мијаковска дава нова перспектива во книжевно-теориските истражувања за женското писмо и романот како жанр. Романот како најрепрезентативен жанр е важен за подемот на феминистичката теорија и критика. Предметот на ова истражување и на оваа дисертација во својот епицентар го има женското писмо познато како écriture féminine. Во таа смисла женското писмо ја опфаќа литературата што ја создаваат жените и го вклучува теорискиот и програмскиот тек на женската идеологија. Од XVIII век можеме да говориме за подемот на женската литература, а во XIX век борбата за личен глас и став на жените кон општествената стварност стануваат клучни преку активизмот во областа на литературата.
Промоторот д-р.Славчо Ковилоски истакна: Трудот под наслов Écriture féminine и романот: Прилог кон феминистичката теорија на жанрот се состои од теориски дел и апликативен дел практично применет врз избран корпус од англиската, француската и македонската литература. Скелетот на книжевното тело се состои од шест главни органи: уводен теориски дел ('нога'); среден теориски дел ('нога'); главен теориски дел ('труп'); прв апликативен дел ('гради'); втор апликтивен дел ('врат') и заклучок ('глава').
Вести и настани
30.9.2024
16.2.2024
16.2.2024
16.2.2024
16.2.2024
07.12.2023
22.11.2023
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Sunday, November 24, 2024 |
ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје
JP SHTËPIA E KULTURËS “KOCO RACIN” SHKUP
PI House of Culture "Koco Racin" Skopje