„Ни бамбус ни клуч“ од Мустафа Спахиу
Промоција на хаику поезија „Ни бамбус ни клуч“ од Мустафа Спахиу.
Промотори: Васил Тоциновски, Баки Бакиу и Славчо Ковилоски.
Мустафа Спахиу е современ албански писател, поет, раскажувач, критичар, новинар, публицист и преведувач. Автор е на повеќе од триесет книги проза ,поезија за деца и возрасни. Добитник е на бројни награди и признанија во РМ. и во странство. Книгата „Ни бамбус , ни клуч“ напишана на албански и хрватски јазик, е убав пример дека хаику поезијата станува дел од меѓународното поетско наследство и се практикува секаде во светот.Во книгата се поместени 101 хаику. Во песните извира бура од внатрешната длабочина на авторовата душа. Со убаво одбрани зборови, искристализирани мисли, без ограничување , во неговиот видокруг е љубовта кон природата, особено пределите од родниот крај. Правило во хаику поезијата е со помалку зборови да се искаже повеќе. Тоа правило го почитува и Спахиу . Со малку зборови но со особени чувства го опишува своето детство, животното секојдневие, својата интима, мисли , расположение, се што не опкружува.
Вести и настани
30.9.2024
16.2.2024
16.2.2024
16.2.2024
16.2.2024
07.12.2023
22.11.2023
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Monday, November 25, 2024 |
ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје
JP SHTËPIA E KULTURËS “KOCO RACIN” SHKUP
PI House of Culture "Koco Racin" Skopje