Проект „Македонски супер херои“
Во ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ - Скопје на 12.10.2022г. ,12:00ч.(среда) ќе започне да се реализира проектот: Македонски супер херои“
Автори на проектот се Наде Молеровиќ и Татјана Алексиќ
Целта на проектот е преку македонските историски, литературни, културни дејци(Гоце Делчев, Глигор Прличев,Константин и Димитар Миладинов,Вера Циривири Трена и Кочо Рацин) да го зајакнеме патриотизмот кај младата популација.
Проектот „Македонски супер херои“ е идеа за дизајнирање на прв детски македонски илустративен стрип во кој би се опишале македонските литературни и историски великани кои се вградиле во ова што сме ние денес.
ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ (сутерен), 12.10. 2022г.(среда)
За делото и личноста на Гоце Делчев ќе предава проф.д-р Наташа Котлар
Душица Димитровска ќе зборува како се прави стрип и неговата улога
Учество на едукативно - интерактивната работилница ќе земат ученици од СУГС "Никола Карев" и СПУГС "Арсени Јовков"
Вести и настани
11.12.2024 04:49:42
27.11.2024 07:26:59
27.11.2024 07:22:21
30.9.2024
16.2.2024
16.2.2024
16.2.2024
16.2.2024
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Tuesday, December 24, 2024 |
ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје
JP SHTËPIA E KULTURËS “KOCO RACIN” SHKUP
PI House of Culture "Koco Racin" Skopje