Предавање на тема: Заеднички до еколошки здрава храна
Почитувани,
Денес 20.април 2023 во малиот салон на ГАЛЕРИЈА „КО-РА“ во Ј.У Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје, гостинката од Кралството Норвешка Верица Зафирова Стаубо го одржа предавањето на тема „ЗАЕДНИЧКИ ДО ЕКОЛОШКИ ЗДРАВА ХРАНА“, како проект кој е во склоп на Организацијата „Еколошка Норвешка“. Ова предавање е прифатено во контекст на интер-дисциплинарната програма која има за цел афирмација и поддржување на проекти од глобално значење и интерес особено во сферата на одржливиот развој и подржувањето на проектите со еколошка тематика.
ПРЕДАВАЊЕТО„ ЗАЕДНИЧКИ ДО ЕКОЛОШКИ ЗДРАВА ХРАНА“
"ANDELS LANDBRUK" побуди голем интерес кај учесниците - претставници од најразлични професии и особено можноста за непосредна примена на позитивните повеќе годишни искуства кои се презентирани како придобивка од бројни аспекти и кои се во примена и се надоградуваат во повеќе високоразвиени европски земји. Поттикнувањето на органското еколошко производство, планираното производство и непосредното парцијално или повремено ангажирање на секој консумент во самиот производствен процес , како и можноста да се воспостави непосреден пласман на производите веднаш до корисникот се само дел од бројните придобивки во контекст на будењето на свеста за значењето на здравата храна за секоја единка.
Ова предавање е во контекст на програмата од едукативен карактер која има за цел да поттикне запазување на одржлив развиток и развивање на еколошката свест како и примена на нови искуства, сознанија и практики од други земји со активно учество на групи и поединци.
Вести и настани
30.9.2024
16.2.2024
16.2.2024
16.2.2024
16.2.2024
07.12.2023
22.11.2023
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Saturday, November 23, 2024 |
ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје
JP SHTËPIA E KULTURËS “KOCO RACIN” SHKUP
PI House of Culture "Koco Racin" Skopje