Ден на албанската азбука
Денот на создавањето на албанската азбука е од големо значење за нашето општество како сплет на култури, религии и јазични различности. Албанскиот јазик е дел од јазичниот колаж во РМ. Со јазикот се докажува националниот идентитет. Стремежот на албанскиот народ во историјата е одбележување на трагите на Албанската азбука.За таа цел нашата Установа го чествува овој ден со соодветна уметничка програмa.
Воведно излагање на тема „Конгресот на Азбуката – културна унификација на албанскиот народ“ имаше проф. д-р Зеќирија Реџепи. Музички настап имаа Арѓира Чолаку на флејта и Јетмир Мехмеди на гитара. Песна посветена на Албанската азбука насловена „Битола благословена порта“ прочита универзитетскиот професор, писател и литературен критичар Зејнепе Алили Реџепи. Манифестацијата заврши со објавување на наградениот поетски ракопис , доделен според објавениот конкурс „Патот на буквите“. Наградениот автор беше Шпреса Камбери за поетската книга „Лавиринт“.
Вести и настани
30.9.2024
16.2.2024
16.2.2024
16.2.2024
16.2.2024
07.12.2023
22.11.2023
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Friday, November 1, 2024 |
ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје
JP SHTËPIA E KULTURËS “KOCO RACIN” SHKUP
PI House of Culture "Koco Racin" Skopje