Изложба на Славица Танеска
Оваа трета самостојна изложба на Славица Танеска е во рамките на програмата на Ј.У.Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје која има за цел да афирмира млади талентирани автори, добитници на повеќе награди и признаниа и да иницира нивна понатамошна надоградба.
Славица Танеска е матурант во Државното Средно Училиште за применета уметност „Лазар Личеноски“ во Скопје. Досега има освоено четири први награди на државни натпревари и конкурси. Минатата година е застапена на светското биенале на „Остен“ на кое учествуваа автори од 66 земји со 2.200 дела влезе во каталогот од 250 дела помеќу авторите кои се од веќе потврдено значење искуство. За своите досегашни остварувања во Славица Танеска е добитничка на „Грамота“ од Амбасадата на Руската Федерација , како и на признание од Германскиот „Гете институт“ , покрај многубројни други домашни признаниа.
Првата Самостојна Изложба ја реализира на 12 години, а втората на 14 години во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. До сега има реализирано учество на 12 групни изложби како и на бројни изложби организирани од ДСУПУД. „Лазар Личеноски“. Повеќе пати е учесник на меѓународни ликовни колонии. Оваа година од печат излегува и нејзината прва книга од областа на сликарството „Траги на времето“ со кое се промовира и нашето културно наследство според зборовите на младата авторка. За нејзиниот талент кој веќе бележи евидентни успеси во повеќе написи оставиле трага и бројни новинари и други дејци помеѓу кои е и написот на Мaја Мојсоска новинар на net press,Според написот „Славица Танеска, Талентиран уметник на новото време објавен од Маја Мојсоска на 8.03.2013 г. „ Младата талентирана сликарка Славица Танеска сигурно чекори кон својот стремеж за непрекинато творење и изразување на најскриените чувства преку уметноста. Со секое нејзино идно дело таа буди восхит кај гледачот, како кај познавачите и критичарите на ликовната уметност, така и кај оние кои не се занимаваат со уметност. Многумина за сега го поздравуваат нејзиниот исклучителен талент и се надеваат дека младата Славица ќе продолжи да го следи својот сон и ќе биде дел од најмладата генерација на идни македонски академски сликари“ Маја Мојсоска
Кон отворањето на третата самостојна изложба на Славица Танеска во Галерија „Ко-Ра“, 31.01.2017, Виолета Калиќ истакна дека „На оваа трета самостојна изложба публиката ќе има можност да проследи дел од плодотворниот опус на оваа млада авторка полна со творечка љубопитност и вдахновена фантазија, суптилно преобликувана во повеќе техники, акварел, гваш, масло на платно... и со разнообразна тематика каде се застапени пејзажот, портретот, мртвата природа,урбаната архитектуа ...низ повеќе ликовни изрази кои се не само предизвик за младата уметница туку веќе и евидентно суптилно досегнат изграден израз кој неоспорно укажува на еден голем потенцијал кој допрва ќе не плени со својот подем.“
Вести и настани
11.12.2024 04:49:42
27.11.2024 07:26:59
27.11.2024 07:22:21
30.9.2024
16.2.2024
16.2.2024
16.2.2024
16.2.2024
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Friday, December 27, 2024 |
ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје
JP SHTËPIA E KULTURËS “KOCO RACIN” SHKUP
PI House of Culture "Koco Racin" Skopje