Промоција на книгата раскази „Сеќавања за Македонија“ од Јудита Реј Худечек од Загреб, Р.Хрватска.
Јудита Реј Худечек е родена во Сисак, матурирала во Прједор, БХ, а дипломирала германски јазик на Филолошкиот факултет во Скопје.
Пишува на хрватски јазик и на есперанто. Има преводи и од македонски јазик.
После дипломирањето на интерлигвистичките студии, апсолвира во Полска на Универзитетот „Адам Мицкиевиќ“ во Познано.
Автор е на книгите: „Жената во македонските песни“ и „Виното не поврзува “. Книгата „Приказна за Екек“ е пишувана на есперанто. Книгата „Сеќавања за Македонија“ во која има триесетина раскази, опишана е Македонија и Скопје, со содржина и сеќавања коишто подолг временски период ги чувала во својата потсвест .
Случувањата опфаќаат период пред помалку од педесет години кога Јудита била студент на Филолошкиот факултет во Скопје
Јудита сите настани , случки, сите ликови, повеќето скромни доброчудни луѓе, ги прикажува преку едноставно книжевно писмо, но вешто, живописно, искрено , со многу топлина, почит и љубов кон земјата која во текот на пет години престој, ја вдишувала со полна плуќа и ја чувствувала со сите сетила.
За книгата говореа рецензентите проф. д-р Васил Тоциновски и писателот Стефан Марковски.
Вести и настани
30.9.2024
16.2.2024
16.2.2024
16.2.2024
16.2.2024
07.12.2023
22.11.2023
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Monday, November 25, 2024 |
ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје
JP SHTËPIA E KULTURËS “KOCO RACIN” SHKUP
PI House of Culture "Koco Racin" Skopje