Промоција на стихозбирката „ Оставени на дождот“ од Горан Анчевски и Пеце Цветкоски
Промоција на стихозбирката „ Оставени на дождот“
од Горан Анчевски и Пеце Цветкоски
Промотор: Љерка Тот Наумова
Стихови интерпретираше: Виолета Сековска
Станува збор за двајца автори, коишто дел од себе посветуваат на поезијата на творештвото воопшто и својата творечка дарба не ја чуваат за себе туку ја преточуваат во поезија, сплотена во една стихозбирка, насловена „Оставени на дождот“.
Во основата на лирската перцепција кај Анчевски, е родната грутка, нејзинете природни убавини, нејзината историја. Како млад човек со емоции, во стиховите од оваа стихозбирка алармира и го проблематизира прашањето на осаменоста и отуѓеноста на човекот, која го нарушува неговото нормално функционирање во општеството.
Пеце Цветкоски, е заставен во вториот дел од оваа стихозбирка именуван како „Ѕун од пој на љубовта“. Од самиот поднаслов веднаш станува јасно дека жанровски песните се љубовни, сугестивна лирика со јасна порака, со поетовата размисла за љубовта и копнежот, инспирирана од женската убавина, едноставно од нив извира поетска зрелост....
Вести и настани
16.2.2026
14.2.2026
30.1.2026
23.1.2026
01.12.2025
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Monday, March 9, 2026 |
ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје
JP SHTËPIA E KULTURËS “KOCO RACIN” SHKUP
PI House of Culture "Koco Racin" Skopje