Групна изложба од учениците на познатата уметница и педагог Афердита Кики
01. 02.2026 во Галерија "КО-РА" -салон Зелен покрив на ЈУ Дом на култура "Кочо Рацин" Скопје , отворена е групната изложба од учениците на познатата уметница и педагог Афердита Кики, кои изучуваат ликовна уметност во атељето за ликовна уметност Kikis's ART CLASS. Изложбата ја отвори Виолета Калиќ, историчар на уметноста, стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура во ЈУДом на култура „Кочо Рацин“-Скопје која истакна дека оваа изложба е од едукативен карактер во рамките на програмата која има за цел афирмација на млади таленти преку годишните групни изложби кои се реализираат со цел да се презентираат повеќе различни ликовни студија, ликовни атељеа кои работат под раководство на истакнати ликовни уметници,.
Воедно тоа е и во контекст на заложбата за рано разоткривање и негување на талентите, преку повеќе изразни форми, поттикнување на нивната креативност, но воедно и запазување на еколошката димензија и тоа од најраната возраст, со акцент и на рециклирањето, колажирањето и примена на разни елементи и од природата, природни материјали, семки, лисја, плодови...Затоа оваа изложба се случува токму во салонот на Зелен покрив, кој е еден од повеќе салони на Галерија„ КО-РА“ со цел да се поттикне и негувањето на зелените оази во урбаната градска средина.
На оваа изложба се претставени преку стотина дела со најразнородна тематика, настанати во текот на 2025 година, во различни техники, медиуми и формати, кои непосредно ја одразуваат детската фантазија, детските сништа, детските желбии пораки, но воедно ги одразуваат и нивните дострели во совладувањето на основите на ликовниот израз. По тој повод се доделени и Благодарници
Благодарност до МТВ 2 за медиумската поддршка на овој настан. Интервју со новинарот имаше уметницата и педагог Афрдита Кики и Виолета Калиќ
Вести и настани
30.1.2026
23.1.2026
01.12.2025
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Tuesday, February 3, 2026 |
ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје
JP SHTËPIA E KULTURËS “KOCO RACIN” SHKUP
PI House of Culture "Koco Racin" Skopje