Музичка и ликовна работилница од Валон Мехмети и мр. Шќипе Мехмети
МУЗИЧКА И ЛИКОВНА РАБОТИЛНИЦА ОДДРЖАНА СО ИСТАКНАТИ МУЗИЧКИ И ЛИКОВНИ УМЕТНИЦИ: м-р ВАЛОН МЕХМЕТИ и м-р ШЌИПЕ МЕХМЕТИ во ГАЛЕРИЈА„ КО-РА“ на 8.11.2025
Проектот насловен "Четки и ритам-спој на визуелна уметност и музика за ученици " продолжува оваа година посветена на темата "Романтизмот" Учениците по слушањето на композициите од повеќе композитори од тој период,непосредно имаа можност да сликаат инспирирани од делата и на композиторите и на уметниците кои творење во тој период.Воведно предавање за романтизмот во областа на музичката уметност одржа м-р ВАЛОН МЕХМЕТИ кој е пијанист и композитор со меѓународни искуства во сферата на класичната и воедно и современат музичка уметност.м-р
Помеѓу темите беа интерпретирани делата од Шуберт, Фредерик Шопен, Лудвиг ван Бетовен. Роберт Шуман. Франц Лист,од Петар Илич Чајковски ...Воедно имаа можност да се запознаат со хармониите, деловите од композицијата,со формите на сонати, ноктурна, етиди, фантазии, со темите,со влијанијата на инспирацијата на композиторите од тој период на Романтизмот, со емоциите,често меланхолични во периодот на романтизмот...како и со влијанијата на елементите кои се поврзани и со фолклорот, како во делата на Шопен, Лист, Мусоргски...Во рамките на овој проект одржана е и ликовната работилница под раководставо на м-р Шќипе Мехмети, на која учениците беа запознати со повеќе истакнати ликовни уметници (В Блејк, В тарнер, Делакроа..од периодот на романтизмот, а потоа твореа во графичка техника, инспирирани од емитуваните музички фрагменти, од славните дела- познати во светската музичка литература ,од истакнати композитори од периодот на романтизмот (Од Лебедовото езеро на П.И.Чајковски, од 2 Одата на радоста“, Од симфонијата бр 9 на Лудвиг вн Бетовен, од Унгарските рапсодии од Ф.Лист, од Баладите на Ф.Шопен...)
Учениците кои има учество во овие музички и ликовни работилници се од ОУ „ Пенко“ на возраст 8 и 9 то одделение, а по предавањето за романтизмот во музиката од проф м-р ВАЛОН МЕХМЕТИ, непосредно вдахновени од инспиративните фрагменти, од изборот дела од светската музичка литература, с продолжиа да творат под раководство на м-р ШЌИПЕ МЕХМЕТИ , позната уметница,која по предавањето за романтизмот во ликовните уметности какао искусна графичарка ги воведе во процесот на создавање на графички дела..Нивните импресии ги преточиа во повеќе ликовни графички оставрувања кои ќе бидат презентирани на заедничка ликовна изложба. Овој проект е пооддржан од ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“-Скопје и од Град Скопје во рамките на Годишната програма за финансирање на проекти од областа на визуелни уметности, дизајн и архитектура
Вести и настани
23.1.2026
01.12.2025
10.10.2025
04.10.2025
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Tuesday, January 27, 2026 |
ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје
JP SHTËPIA E KULTURËS “KOCO RACIN” SHKUP
PI House of Culture "Koco Racin" Skopje