Промоција на збирката поезија „Твоето ангелско лице“ од Ана Дедова
Откако во месец јули во Кочани беше промовирана збирката песни „Твоето ангелско лице“, истата книга ја промовираме овде во Скопје , во Домот на култура „Кочо Рацин“, пред скопската публика, пред почитувачите на пишаниот збор, пред пријателите и сите што ја познаваат и сакаат Ана.
За поетесата Ана Дедова нема граници кога е во прашање поезијата која и го исполнува животот и ги руши бариерите со кои се соочува како лице со посебни потреби.
Во 2012г. Ана ја издава книгата поезија „Охридски бисер“, во 2015г. „Илузија“ а во 2017г. „Твоето ангелско лице“.
Збирката е напишана на хрватски јазик. Зошто на хрватски.„Јасно е како ден“,вели авторката, „поради поп ѕвездата Даниела Мартиновиќ“, бидејќи таа има посебно место во нејзиниот живот.
За поетската збирка говореа Оливера Доневска и Славица Цветкова .
Вести и настани
23.1.2026
01.12.2025
10.10.2025
04.10.2025
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Tuesday, January 27, 2026 |
ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје
JP SHTËPIA E KULTURËS “KOCO RACIN” SHKUP
PI House of Culture "Koco Racin" Skopje