Изложба „ВЕЧНОТО ТАНГО - ЉУБОВ....
Во рамките на богатата културна понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028, со особена чест Ве покануваме на отворањето на изложбата
„ВЕЧНОТО ТАНГО - ЉУБОВ.... како верба, како надеж, како занес, како илузија“
14.02.2026 ( сабота) в19.30 часот - Галерија „КО-РА“- голем салон
ЈУДом на култура „Кочо Рацин“-Скопје. улица: Димитрие Чуповски 20а (наспроти Гимназија Јосип Броз Тито во Центар)
Овој мултимедијален проект обединува повеќе уметности, кои се во рамките на традиционалната групна мултимедијална изложба со учество на повеќе уметници од разни генерации...сликари,скулптори, графичари, фотографи, дизајнери, модни креатори, поети, писатели....со учество и на танчерите од Школото за аргентинско танго „Фамилија Тангови“ кои ќе се придружат по отворањето на изложбата со музика и танц.
Инспирирани од славните танга кои го одбележаа „златниот век “ на тангото и од музиката на Астор Пјацола која обединува разнородни влијаниа и го одразува сензибилитетот на разнообразни култури, станувајќи моќна поврзница на бројни ентитети ширум светот...
(Виолета Калиќ - Кон отворањето на изложбата во која оваа година се придружија учесници и надвор од земјата: Пипо Алтомаре (Италија), Лоран Дубоа ( Белгија), Јаспер Фирлингер од Нов Зеланд, Ал Џонсон, Федерика Рика од Италија, Верина Николова (Франција), Гордана Винчиќ Шведска...Помеѓу учесниците на овогодишната изложба се и Акад. проф д-р Фехим Хусковиќ, м-р Марија Николова Ацковска, Проф. д-р Александар Рашковиќ,м-р Наталија Пулејкова, м-р Марија Светиева, Љубе Алексовски, м-р Билјана Билбилоска, м-р Маја Танева, м-р Марија Рашковиќ, м-р Јасминка Новковска, м-р Славица Танеска, Александар Таневски, м-р Евгениј Пантев, Афердита Кики, м-р Валентина Илијевска, Игор Љубовчевски -Љубац, Виктор Бранѓолица, м-р Жанета Радевска Спировска, Росица Лазеска, Марија Роглева, м-р Борјана Божиновска Ѓорѓиевска, Славица Трајческа,м-р Билгаиб Кочиште Биге, Ивона Велковска, м-р Стојанче Величковски, Д-р Игор Поп Трајков, Павел Јовановски, архитектот Љубе Чаловски, арх Никола Кипроски, Гордана Винчиќ, Тасим Кадрија, Славица Ќурчиева Арсовска, Амина Љаиќ (од Србија), м-р Анета Стојчевска, м-р Ванеса Ода и други
Вести и настани
16.2.2026
14.2.2026
30.1.2026
23.1.2026
01.12.2025
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Monday, February 23, 2026 |
ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје
JP SHTËPIA E KULTURËS “KOCO RACIN” SHKUP
PI House of Culture "Koco Racin" Skopje